Watch videos with subtitles in your language, upload your videos, create your own subtitles! Click here to learn more on "how to Dotsub"

Жак Фреско за Венус Проектот, Политиката, парите, војната итн..

0 (0 Likes / 0 Dislikes)
Zeitgeist Movement Macedonia Velatora Films Моето име е Жак Фреско и сум директор на Проектот Венус, во Венус, Флорида... . Она што го поддржува Проектот Венус е ако не сакаш војна, ако не сакаш беда, глад, невработеност, територијални спорови и сите оние проблеми кои што ги има во општеството мора да ја прогласиш Земјата како заедничко наследство на сите луѓе во светот. Ако не успееш да го направиш тоа ќе имаш проблеми со износот на настани кои што не сакаш да ги смениш...Ако не се смениме ќе ги имаме истите проблеми одново и одново... Венус Проектот е обид за дизајнирање на свет каде сиромаштијата, војната, затворите, полицијата не постојат...Зашто се соочуваме со истите проблеми, факторите кои ги формираат арогантното однесување агресијата... и сите нешта кои го парализираат општеството и го спречуваат неговиот напредок... Политиката беше добра пред 100 години Денеска политичарите немаат способност да решат било какви проблеми, зашто не се студенти на однесувањето, не се студенти по земјоделство, океанографија, не знаат ништо за факторите кои го движат светот, па тие кажуваат нешта што луѓето сакаат да ги слушнат, и за тоа стануваат избирани. Од друга страна Научниците не се загрижени за јавното одобрување, она што го прават дури и кога сите на Земјата мислеа дека Земјата е плоча, тие велеа : - Грешите, еве ги доказите што ги имаме кои го поддржуваат фактот дека земјата е кружна... Но, тие не велат, – Малку е кружна, малку е плоча... - Такви се политичарите... Парите... беа погодност создадени од човекот, пред многу години порано се користеше торба со јаболки да биде заменета со торба на домати таква беше размената во старите времиња, Но кога беа измислени парите беше полесно да се претстават јаболката, доматите или јајцата Со давање на личноста монета, наместо носење на 50 јајца или кокошки Парите претставуваа усогласена вредност за да го намалат носењето на тешките работи. Подоцна тие станаа најкорумпирачкото средство во светот. Корумпираше луѓе кои си плаќаа меѓу нив... ...Ако сакаш Конгресмен да гласа за твои интереси, му даваш одреден износ на пари кој му помага да биде избран, и после тој ти должи услуга. И тоа е исто со фармацевтските компании, автомобилските компании, банките... Сите системи насекаде низ светот кои користат пари се во суштина KОРУМПИРАНИ. РЕЛИГИЈА... Во старите времиња луѓето не можеа да ги разберат природните појави, Реално, тие не знаеја од каде сето ова дошло... така, тие претпоставуваа, дека има човек кој живее горе на небото, кој ги направил сите овие нешта. Тој ја направил Земјата, мислам дека му биле потребни 6 дена, а на седмиот ден- одмарал... ако му требале 6 дена, Земјата се вртела додека ја правел, инаку деновите не би постоеле, а тоа би било ѓаволски тешка работа. Тогаш направил маж и жена и ги ставил во убава градина, и тогаш направил и змија која можела да оди исправено и и рекол ‚‚Прави ужасни работи‘‘. И луѓето каснале од овошјето на мудроста, и Он ги избркал. Првин ја направил змијата за да ги искуши. Не го разбирам ова грижливо и добронамерно суштество кое што ги сака сите, а ги создава епидемијата и други болести кога ќе се налути... И ако не ги следиш религиозните учења, гориш во Пеколот. Тоа ми звучеше на мене како ПСИХОПАТ, не БОГ. Но, збунет сум кога ми кажуваат дека Бог ги сака сите, а создава епидемии од кои умираат деца. Јас велам- Како може да умираат деца? ,,Затоа што децата треба да страдаат, заради гревовите на нивните родители‘‘... - Ова не е праведен Бог, ова е Бог СТВОРЕН од ЛУЃЕТО, - Па, ако ме прашате дали верувам во Господ?- Не во концептите за Господ за кои што сум чул... Војната.... е збор, кој беше измислен кога луѓе од една територија, ја зеле територијата на други луѓе тие користиле сила и насилство, а војната била средство за да се прави тоа. Убивате луѓе, им ги крадете нивните жени, ресурси,за свои сопствени интереси. Народите ја создаа војната од тогаш кога луѓето го создаа оружјето. И се додека создаваш оружје, можеш да имаш војна. И војната е средство за да заштитиш се’ што си украл од другите. Ниеден народ на почетокот не бил многу голем, сите почнале како мали и потоа ги земале териториите на другите народи. И земјата не им е доброволно дадена, не биле поканети да ја земат земјата, тие ја зеле убивајќи, со сила и насилство. И војната е најнесоодветниот начин на решавање на разликите, затоа сум против Пентагон и војската, зашто тие воглавно би требало да се загрижени за тоа како да ги решаваат разликите, и да ги зближат заедно нациите кон заедничка цел. Како на пример, грижење за околината, грижење еден за друг, поправајќи ја оштетената околина. Тоа е најмалку што сакам да го видам од воените системи. би сакал да го видам, наместо тренирањето милиони на војници, да бидат машини за убивање. јас побргу би ги тренирал да бидат решавачи на проблеми. Праќајки ги назад во училиште, учејќи ги општествени науки, општествени нешта, психологија, социологија, ...за да можат да придонесат за културата, не да бидат уништувачи. Прашај било кој: -што значи демократијата? - Тие мислат дека значи учество во Владините работи. – Па, јас ги прашувам, навистина ли верувате во демократија? и тие секогаш велат ДА. Јас велам: Дали гласаше за вселенската програма? – Тој вели-не... Дали гласаше за војната во Виетнам? – Не... Дали гласаше за војната, сега? – Не... Па каде по ѓаволите ти учествуваш? Тое е илузија дадена на луѓето. Тие дури ги избираат луѓето за кои што гласаш, за да се осигурат дека ќе ги држат нештата како што се, воспоставени. Така тие ги бираат луѓето за кои што гласаш. Ако живееме во демократија,ќе има 5000 политички партии, различни мислења... Во вистинска демократија, ќе го имаш тоа... Сите мислења изразени на телевизија и радио. Од тебе ќе зависи дали ќе го исклучиш... ,,Jacque Fresco Talks‘‘ серијалот беше снимен во Лондон, на 6 октомври, 2009. Овие кратки серијали беа продуцирани за да го претстават филмот Земја 2.0. Земја 2.0 ќе се снима во 2010 во врска со TVP дизајнот и Венус Проектот. Филмот ќе биде независен, и ќе претстави ипитување на иднината на човештвото. Жак Фреско, социјален инжењер, футурист, и брилијантниот ум позади Венус Проектот, инсистира дека мора да се подготвиме за промените коишто доаѓаат. Од негово гледање, ако структурата на денешново општество се распадне, мораме да бидеме подготвени да ја искористиме шансата Визионерските идеи на Жак Фреско паралелно ќе бидат презентирани со експерти од секое поле, вклучувајќи социјални инжењери, биологичари, ботаничари, технологичари, психологичари, футуристи и пронаоѓачи. Превод и адаптација : Zeitgeist Movement Macedonia

Video Details

Duration: 8 minutes and 37 seconds
Country: United States
Language: English
Producer: Mark Waters
Director: Frank Da Silva
Views: 70
Posted by: kejten on Apr 11, 2011

Жак Фреско за Венус Проектот, Политиката, парите, војната итн..

Caption and Translate

    Sign In/Register for Dotsub to translate this video.