Watch videos with subtitles in your language, upload your videos, create your own subtitles! Click here to learn more on "how to Dotsub"

ABR terapija za cerebralna paraliza - Alida

0 (0 Likes / 0 Dislikes)
Како прво би сакале да нагласиме дека со ова дете не се правени никакви други вежби освен АБР. Тестот со скокање е одличен пример за тоа што Алида доби како подобрување во период од 9 месеци АБР. Во јануари 2007 година Алида беше на 5 годишна возраст и не можеше да скока. Децата кои имаат нормален психомоторен развој, способни се за скокање на 2 годишна возраст. На 3 години здраво дете може да скока со двете нозе, да шутира топка, да скока напред-назад, да вози трицикл,да се симнува по скали. До 5 годишна возраст поголемиот број деца умеат да скокаат со јаже. Алида која е на возраст од 5 години, не е во состоја да изведува ниту една од тие активности. Дури ни кога ја држат за рака, со што има олеснување за одржување рамнотежа, таа не е во состојба да скока. Во септември 2007, после 9 месеци АБР сликата е сосема поинаква Некој ќе рече дека Алида оваа способност ја доби како резултат на возраста. Но да не заборавиме дека пред само 9 месеци таа немаше никакви знаци на скокање, ниту пак покажа знаци на скокање помеѓу 2 и 5 години. Општата слабост на телото беше главната причина на тие ограничувања. Дали мислите дека и после 9 месеци без АБР Алида ќе можеше да скока?! Скокањето е способност за која е потребна сила, подвижност на зглобови, цврстина на зголоби, способност за одржување рамнотежа, носење на тежина, контрола и координација на многу делови на телото. Со растењето, спазамот само се појачува, со што може да се добијат привидни функции. Но секако дека и тие привидни функции нема да се добијат за 9 месеци, ниту пак ќе се добие подвижност од типот што Алида ја доби со АБР. Со АБР се добива цврстина на телото , што е решение за тоа како да се подобрат функциите. Така чекор по чекор се стигнува до вистинска функција, функција без ограничување, во чија основа е примена на правилен мускул на правилно место.

Video Details

Duration: 1 minute and 56 seconds
Country: United States
Language: English
Genre: None
Views: 554
Posted by: vesnag on Sep 11, 2010

Ova e Alida i nejzinite podobruvanja posle 9 meseci ABR.

Alida e na 5 godishna vozrast i ne moze da skoka...

Caption and Translate

    Sign In/Register for Dotsub to translate this video.